Утрински Весник
Македонија

Се одложува атлетската трка „HalkEco Хронометар 10KM“

Се одложува атлетската трка „HalkEco Хронометар 10KM“

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Сојузот на спортови на Скопје и Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје информираат дека трката „HalkEco Хронометар 10KM“ нема да се одржи утре, бидејќи не добиле  одобрение од МВР- ПС Центар.

Организаторите посочија дека протоколот за одржување на трката бил одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство.

Точниот датум на одржување на трката „HalkEco Хронометар 10КМ“ ќе биде соопштен дополнително од страна на организаторите.

– На оние учесници кои што се пријавија да се натпреваруваат на првичниот датум, а нема да се во можност да се натпреваруваат на новиот датум, парите за котизација ќе им бидат вратени, истакнаа организаторите.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки

Кривична за полицаец од Битола, не дозволил да му биде наплатен паркинг на неговиот брат

Филипчебара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски