Утрински Весник
Македонија

Превентивна акција против коронавирус во Кавадарци

Превентивна акција против коронавирус во Кавадарци

Кавадарци,12 јуни 2020 (МИА) – Црвен крст Кавадарци, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување денеска реализираа заедничка превентивна акција за заштита од Ковид-19. Во акцијата беа поделени заштитни маски и флаери за граѓаните.

-Целта беше уште еднаш да се потсетиме на препораките за превенција и заштита од Ковид-19. Беа опфатени поголем број на граѓани во централното градско подрачје, со оглед на добрите временски услови и тоа што денеска е пазарен ден во Кавадарци, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција при ОВР Кавадарци и претседател на кавадаречкиот Црвен крст. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се судриле мопед и велосипед во Скопје

Уапсен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Петровска: Одбиен посредник за хеликоптерите денес е неформален советник на Мисајловски