Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од СДСМ за Кочоска и средствата за борба против коронавирусот

СДСМ: Изборите се решение за незрелото однесување на Мицкоски и треба да се одржат во првиот можен рок

 

Скопје, 12 јуни 2020

Додека пред јавноста, на ВМРО-ДПМНЕ полна им е устата со тоа дека наводно на прво место им е здравјето на граѓаните, истовремено зад сцената, дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по налог на Христијан Мицкоски ги блокира средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои дел се наменети за поддршка на здравствениот систем и потребите на пациентите со КОВИД-19 и социјално загрозените лица.

Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат проблем секогаш кога парите не завршуваат во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш и не знаеле поинаку. Оваа партија со години наназад само земаше од граѓаните. И во услови на криза од светски размери, која не не поштеди ниту  нас како држава, блокира средства кои се од особено значење за полесно справување со последиците од корона вирусот.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ антидржавност на дело!

Граѓаните ќе го ценат ваквиот незрел, однос и ќе го казнат неодговорното и антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт