Утрински Весник
Македонија

Во Битола се градат два нови спортски објекти

Во Битола се градат два нови спортски објекти

Битола, 12 јуни 2020 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во придружба на својот домаќин, градоначалникот на Битола Наташа Петровска, изврши увид во изградбата на два спортски објекти во овој град.

Станува збор за нов затворен пливачки базен кој е лоциран во дворот на основното училиште „Даме Груев“ и нова куглана која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

-Во услови на пандемија непречено ги реализираме капиталните инвестиции, а во Битола со засилено темпо се градат два спортски објекти. Верувам дека затворениот пливачки базен наскоро ќе биде во функција и верувам дека најмладите ќе бидат најголеми корисници на базенот како една од најголемите капитални инвестиции. Задоволен сум од динамиката на изградбата на базенот, како и на кугланата во Битола која исто така е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, истакна директорот Каевски.

Двата спортски објекти се градат со високи стандарди, а кугланата дополнително ќе биде лиценцирана и за меѓународни натпревари, беше посочено за време на денешниот увид во изградбата на објектите во Битола.

-Општина Битола сериозно ги помести условите за спортистите и рекреативците во градот. Пливачкиот базен ќе го користат учениците, но и рекреативците. Нашата поддршка ќе продолжи и кон спортските клубови за кои досега сме исплатиле 1,3 милиони евра, а ако кон тоа се додаде и вложувањата во објектите, тогаш се доаѓа до сума од близу четири милиони евра за спортот во Битола со што оваа локална самоуправа покажа дека сериозно ја поддржува оваа област, рече меѓудругото градоначалничката Петровска на прес конференција во Битола.мт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице