Утрински Весник
Македонија

Реновирање во основните училишта во Аеродром 

Реновирање во основните училишта во Аеродром 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Општина Аеродром почна да реновира и реконструира во објектите на основните училишта на нејзина територија. Соопшти дека реновирањето ќе опфати  ѕидарски, столарски, лимарски, молерофарбарски работи, замена на санитарни, електрични уреди, радијатори.

Работите се почнати во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што се врши реконструкција на тоалетите кои ќе бидат комплетно обновени.

– Почнавме со комплетно реновирање на зградите на основните училишта. Општина Аеродром инвестира во подобрување на условите во училиштата, со цел осовременување и унапредување на образовниот процес и обезбедување здрава физичка средина во училиштата што ќе придонесе за нормално функционирање на наставата, соопшти Општината. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе