Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – На 11.06.2020 во 14.50 часот во Полициската станица Центар, О.Ч.(45) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот во нејзиниот стан, Г.Б.(41) физички ја нападнал и со остар предмет ја повредил на десната рака.

По целосно документирање на случајот, информираат денеска од МВР, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.06.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, В.Д.(39) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во угостителски објект на ул.„Никола Киров Мајски“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.06.2020 во 19.45 часот, на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ј.(25) од Тетово, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2020 во 00.10 часот М.М.(23) од село Батинци, скопско, пријавил дека на 11.06.2020 околу 22.00 часот во н.Илинден тој и неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица, а го оштетиле и неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.06.2020 околу 23 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на наплатната станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.К.(41) и К.Д.(25), двајцата од Гостивар, кои се превезувале со патничко возило „волво“, со гостиварски регистарски ознаки, бидејќи при нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин. По документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 11.06.2020 во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје, С.Т.(24) од Скопје физички го нападнал А.Г.(27), исто така, од Скопје. Сочинет е записник за констатитан прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 11.06.2020 околу 16.50 часот на паркинг од бензинска пумпа во тетовски Лешок, биле лишени од слобода Е.М.(22), од тетовско Теарце и Ф.М.(23), од тетовски Требош, затоа што при нивен и преглед на возилото „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 06.05.2020 на ул.„Беровска“, во куќата на Н.А., пријавениот зел воздушна пушка и испукал и го погодил во главата Н.А., нанесувајќи му тешка телесна повреда.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Л.П. (25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 06.05.2019 на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, по кратка расправија, пријавениот физички го нападнал З.Т. (37) од Прилеп и му нанел тешки телесни повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“. На 30.03.2020, пријавениот телефонски се јавил во регионална канцеларија за безбедност при една странска амбасада и упатил заканувачки пораки.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 14.02.2020 на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, пријавениот се заканувал и спречил двајца вработени во ЈП Паркинг Куманово и полициски службеник да го подигнат неговото возило со специјално возило „пајак“, кое било непрописно паркирано. Исто така, тој со возилото удрил еден од вработените во ЈП Паркинг Куманово.

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Н. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“. На 29.01.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле три куршуми со калибар 7,62 мм.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.П.(43) од с.Турија, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делo „измама“. На 09.02.2020, В.К. од с.Трстија, виничко, се договорил со пријавениот да му изведува градежни работи, за кои во три наврати му дал по 500 евра. По два месеца пријавениот не ја завршил договорената работа и не одговарал на телефонските повици.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ч.С.(19) од с.Црнилиште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Пријавената, со намера да ги промени регистарските ознаки од патничко возило „ленд ровер“, кое било во нејзина сопственост, а со цел да ѝ биде издадена нова сообраќајна дозвола за истото возило, при постапката за промена на регистарските ознаки, во два наврата, доставила преправена исправа – сообраќајна дозвола, која ја употребила како вистинска.

СВР Струмица, СВР Штип и СВР Велес поднесоа 85 кривични пријави против: Џ.Б.(56), А.М.(31), А.М.(38), М.Џ.(29), В.М.(24), А.Ф.(32), С.Ј.(19), М.Ш.(45), Ј.М.(41), Р.И.(37), Е.И.(36), С.А.(23), Б.Б.(21), Е.В.(53), Е.В.(20), К.Д.(16), сите 16 од Струмица, Д.Ф.(24), Т.И.(39), Ѓ.С.(31), Д.Д.(29), А.А.(27), О.Р.(41), сите шест од с.Банско, струмичко, А.А.(23) од с.Старо Балдовци, струмичко, С.И.(31), Т.А.(28), С.Ѓ.(31), С.Н.(21), Н.Н.(39), М.Х.(32), сите шест од с.Василево, струмичко, З.Ј.(43) од с.Просениково, струмичко, З.М.(47) од с.Радичево – Василево, С.С.(22), А.Б.(25), Р.Ч.(68), Т.С.(40), О.О.(44), Ѓ.С.(43), Д.С.(41), Р.М.(32), С.П.(50), Е.А.(57), А.Ш.(28), Д.Б.(62), М.С.(30), Ц.С.(27), сите 14 од Радовиш, Д.П.(39), Е.Ј.(32), Ј.Д.(40), М.Џ.(28), сите четири од Штип, Д.Т.(26), М.К.(45), С.М.(36), П.Т.(40), В.Ш.(49), Т.П.(23), Е.П.(29), Б.В.(46), Р.Ѓ.(38), С.С.(57), Е.Ѓ.(46), Б.Г.(67), М.Т.(58), Љ.Ј.(34), В.Т.(55), М.К.(50), А.Т.(29), Ѓ.Г.(40), Е.Д.(19), Л.А.(49), С.Д.(66), Р.Т.(67), З.Д.(54), И.А.(37), М.С.(46), М.С.(60), М.С.(48), Е.Ј.(45), К.П.(40), Ј.С.(39), Ж.Б.(19), сите 31 од Гевгелија, Н.П.(32) од Велес, Т.И.(76) од Валандово, О.Х.(33) од Кочани и бил лишен од слобода, С.А.(35), Р.Ш.(35) двајцата од с.Криволак, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија со став: Нема потреба од посредници за спорот со Македонија

ВОНРЕДНО: Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини нападнат од три маскирани лица

Фото-Сиљановска-Давкова објави фотографија дека се сретнале со Бајден и се држеле за рака