Утрински Весник
Македонија

Во рамки на проектот„Смарт езеро Младост“, во тек изградбата на еко камп

Во рамки на проектот„Смарт езеро Младост“, во тек изградбата на еко камп

Велес, 12 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на проектот на Општина Велес  „Смарт езеро „Младост“, финансиран од Евроската Унија, а управуван преку Програмата за локална и регионална конкурентност на Светска Банка, во тек е реализацијата на најкомплексната активност – изградбата на еко кампот.

Како што информираат од Општина Велес, еко кампот со површина oд 1.500 метри квадратни до кој има пристапен пат,  според основниот проект, има 20 содржини. Предвидени се седум куќички за сместување во форма на барик (како симбол на винскиот пат во Вардарскиот плански регион), еко училница, патеки за прошетка, паркур патека, четири летниковци, две конструкциии за авантури за деца (една во форма на брод и една во форма на замок), дрвени платформи и дрвена кострукција за тунели за провлекување од една до друга платформа, коса трамбулина, трибина, воздушна патека, лавиринт, реквизити за детски паркови и санитарни јазли.

Изведувачи на градежните работи се градежните фирми „Делта пром“ и „Изгрев Инжинеринг“ и треба да завршат до 31 август годинава. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Власта не покажа никаква одговорност за Кочани – јас поднесов оставка, а Владата падна после пожарот во Тетово

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?

Заменик- министерката Трајков порача: Да го реализираме сонот за европска Македонија