Утрински Весник
Македонија

Потврдени 164 нови случаи со Ковид-19, починати двајца, оздравени 12 пациенти

Потврдени 164 нови случаи со Ковид-19, починати двајца, оздравени 12 пациенти

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи со Ковид-19. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 12 оздравени пациенти и тоа во Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица – од Скопје и Тетово.

Од вкупниот број нови регистирни случаи во Скопје се 85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53 г.) хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60 г.) хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 9 јуни, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1676, активни 1040
•       Куманово 620, активни 202
•       Дебар 56, активни 5
•       Штип 232, активни 192
•       Прилеп 226, активни 25
•       Тетово 336, активни 165
•       Струга 115, активни 39
•       Велес 149, активни 28
•       Битола 30, активни 3
•       Охрид 55, активни 38
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 56, активни 33
•       Гевгелија 7, активни 3
•       Струмица 7, активни 4
•       Крива Паланка 8, активни 2
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 54, активни 23
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 3,
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 4, активни 3
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 7, активни 6
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 3, активни 3
•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Клиника „Жан Митрев“ –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ -142.  Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера – (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера се уште не се завршени сите анкети):

•       Чаир-235
•       Бутел-88
•       Аеродром-87
•       Гази Баба-89
•       Центар-87
•       Карпош-79
•       Сарај-75
•       Кисела Вода-52
•       Ѓорче Петров-39
•       Шуто Оризари-29
•       Студеничани-25
•       Арачиново-30
•       Илинден-20
•       Петровец-7
•       Чучер Сандево-6
•       Сопиште-3
•       Странец-2
•       Неутврден-2. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме