Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати заштити 140.000 работни места

Поедноставна постапка за донирање – побрзо, полесно, електронски

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Околу 140.000 работни места се задржани благодарение на мерката за финансиска поддршка на фирмите заради исплата на платите, оценува министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Ова е навистина обемна мерка која има за цел да ги заштити работните места и да им помогне на компаниите ликвидносно да исплатат плати. За оваа мерка имавме оставено во Буџетот околу 100 милиони евра, токму со цел за да оставиме соодветен простор за дополнителни потреби согласно развојот и случувањата во економијата. Таа мерка беше креирана од вториот сет мерки, а сега ние се наоѓаме во фаза на постепено реотворање на економијата за што креиравме трет сет мерки. Секој сет  мерки се носеше за даден тајминг согласно моменталните услови и случувања со кризата, рече министерката Ангеловска во гостување во емисијата „Само вистина“.

Владата донесе Уредба за продолжување на мерката и за месец јуни, односно наместо два месеца, како што беше планирано претходно, мерката ќе може да се користи од работодавачите и самостојните вршители на дејност три месеци.

Министерката,како што соопшти Министерството за финансии, информира дека за април на околу 20 илјади компании им се исплатени околу 30 милиони евра, додека во мај има нешто помалку барања, што говори дека дел од компаниите немале пад на приходите од 30 проценти за овој месец. За мај заклучно со денеска се исплатени 21 милион евра на околу 17.500 компании.

поравувањето нема да се случи преку ноќ, меѓутоа мора да бидеме свесни дека стопанските комори и бизнис заедницата треба што поскоро да се адаптираат на новосоздадената ситуација. Ќе има нови бизнис модели што ќе се појават, ќе има компании што ќе се реструктуираат и затоа дел од мерките од третиот сет се всушност и за помагање во приспособувањето на новите услови, за воведување нови технологии. Мерката што беше донесена неделава на Влада, за која е надлежно Министерството за економија предвидува 20 милиони евра директна финансиска поддршка во стопанството за зголемување на конкурентноста, на индустријата..., односно и за тие да се охрабрат во овој период да инвестираат и притоа да добијат значајна поддршка од Владата, буквално како партнер во процесот со тоа што кофинансира до 20 проценти од инвестицискиот проект, вели министерката.скс/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“

Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус