Утрински Весник
Македонија

Ќучук: Политичките чинители во Северна Македонија да се договрат датум за избори

Ќучук: Политичките чинители во Северна Македонија да се договрат датум за избори

Брисел, 12 јуни 2020 (МИА) – Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за Ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ, напиша Ќучук на Твитер. тм/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет