Утрински Весник
Македонија

Реализирани проекти за подобрување на јавната хигиена во Македонска Каменица

Реализирани проекти за подобрување на јавната хигиена во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 12 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица се реализирани проекти за подобрување на јавната хигиена во градот.  Како што информираа надлежните, за жителите од градот и руралните средини извршена е набавка на нови корпи за отпадоци, со кои, како што додаваат Општината ќе продолжи со подобрување на услугите кон граѓаните и грижата за јавната чистота во заедницата.
-За потребите на граѓаните од градската и руралните средини се набавени 120 корпи за домаќинствата од индивидуалните живеалишта, 10 контејнери наменети и веќе поставени во урбаната средина и четири контејнери со зафатнина од пет метри кубни наменети за руралните средини, истакнаа надлежните.
Претходно, како што додаваат, Општина Македонска Каменица за потребите на жителите од руралните средини, преку спроведена јавна набавка, набави 20 контејнери со зафатнина од пет метри кубни.
-Вкупниот износ за реализација на овој проект изнесува близу 600 илјади денари. Средствата се издвоени од општинскиот буџет на Македонска Каменица, додадоа од Општината.
Во насока на подобрување на јавната чистота во градот, слични активности надлежните најавија и за во наредниот период. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гевгеличанец осомничен за обљуба и напад врз малолетничка

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто