Утрински Весник
Магазин

Откажано американското ТВ шоу „Полицајци“ по 31 година емитување

Откажано американското ТВ шоу „Полицајци“ по 31 година емитување

Едно од најдолго прикажуваните шоуа во светот, „Полицајци“ беше откажано по 31 година емитување на неколку телевизиски мрежи. Причината за откажувањето се актуелните протести против полициската бруталност во САД што произлегоа по убиството на Џорџ Флојд.

Ова документарно шоу кое што прикажуваше реален криминал беше контроверзно низ годините, а еден од најпознатите случаи кои биле снимени е престрелка во ланецот на ресторани Wendy’s во 2014 година. Сепак постои шанса ова шоу да се врати повторно на програмите по некое време бидејќи од студиото Paramount велат дека е откажано на неодредено време. Шоуто имаше 33 сезони со над 1.100 епизоди.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот

Lazarov Awards 2026: Признанија за најдобрите и нов почеток за едно семејство

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа