Утрински Весник
Магазин

Чеченија: Субвенции за невеста

Се утврдува протокол за организирање свадби во услови на коронакриза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Москва, 12 јуни 2020 (/) – Контроверзниот чеченски лидер Рамзан Кадиров им понуди парична помош на мажите во својата земја, кои поради корона-пандемијата, не можат традиционално „да си ги исплатат невестите“, пренесува Би-би-си.

Според обичаите, младоженецот во руската исламска Република Чеченија, треба да плати со пари за невестата, нејзе или на нејзините роднини. Но, поради негативното влијание на пандемијата врз економијата, многу мажи во Чеченија не успеваат да соберат доволно пари за таа традиција наречена „Урду“.

Затоа, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров им понуди помош на граѓаните. Првиччно, тој „обезбеди пари за 207 младоженци кои беа финансиски оштетени од самоизолацијата“, како што пренесуваат тамошните и светските медиуми.

Секој од младоженците ќе добие по 50.000 рубљи, што е еднакво на 630 евра.

Парите беа издвоени од добротворниот фонд именуван по таткото на Кадиров, Ахмат.

„ТВ Грозни“ – водечката телевизиска станица во Чеченија, известува дека исплатата на пари за невести, веќе е започната. Се емитуваше и ТВ-прилог на којшто се гледа како девојка прима пари, додека во позадина, на ѕидот е обесен портрет на Кадиров.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk