Утрински Весник
Македонија

ЈО: Пет лица во Тетово обвинети за непочитување на полициски час

Казни за 12 тетовци за прекршување на полицискиот час за викендот

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство од Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Обвинетите во одвоени случаи, биле затекнати како се движат во градот за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител бара на лицата да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДС, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон

Уапсени Косовари кои криумчареле мигранти од Пакистан