Утрински Весник
Македонија

Постапки за четири лица за непочитување на полицискиот час во Велес​

Утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов и за работата на рестораните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Oбвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетите биле затекнати од  полициски службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче