Утрински Весник
Економија

Во МЗШВ ќе се потпишуваат договорите за поддршка на планските региони

Потпишување договор за финансирање на Центарот за развој на планскиот регион
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат официјализирани договорите за финансиска поддршка на планските региони.

Договорите ќе ги потпишат министерот Трајан Димковски и претставниците на центрите за развој на планските региони.

Поддршката за развој на планските региони е обезбедена преку Програмата за капитални инвестиции, а на јавниот повик право да учествуваат имаа сите центри за развој на планските региони кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Средствата што ги доделува МЗШВ се наменети за финансирање инвестиции за реконструкција и пробивање пристапни патишта до земјоделско земјиште. Со помош на овие средства, центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции, смета Министерството, ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители