Утрински Весник
Спорт

Кариус: Немам намера да го напуштам Ливерпул, ќе се борам за место во почетниот состав

Ливерпул му дава поддршка на Кариус, но нема да му дозволи да тренира со тимот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ливерпул, 12 јуни 2020 (МИА) – Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус изјави дека има намера да се бори за место во стартниот состав и дека не размислува за друг клуб.

– Сакам да играм фудбал и дефинитивно немам намера да го напуштам Ливерпул. Сега треба да дадам максимум, да се прикажам во најдобро светло. Сакам да се покажам на тренинзи. Во Англија, голманот кој е на замена секогаш ја добива својата шанса. Сега сум играч на најдобриот тим во светот, ќе се борам за титули, околу мене се партнери од висока класа. Што друго е потребно? Имам намера да се борам за место во составот, нагласи Кариус.

Тој нема играно за „црвените“ откако направи грешки во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид (1:3).

Оваа сезона голманот беше во Бешикташ на позајмица, но рано го раскина договорот со турскиот клуб. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место