Утрински Весник
Магазин

Уапсен наркодилер со лажна лична карта со името на Роберт де Ниро

Уапсен наркодилер со лажна лична карта со името на Роберт де Ниро

Букурешт, 12 јуни 2020 (/) – Романската полиција уапси дилер на дрога со лажна лична карта со името и фотографија на холивудскиот глумец Роберт де Ниро.

Во документот се наведува дека „Де Ниро“ живее во романскиот град Јаси, родители му се Мадона и Ентони, а адресата одговара на тамошните гробишта… При претрес во вистинскиот дом на лажниот актер, пронајдена е поголема количина екстази, подготвена за продажба.

Вистинското име на притвореникот е Сорин Булгару – 53-годишен маж, криминалец и човек добро познат на полицијата. Ќе му се суди за учество во мрежа за трговија со наркотици.

Ова не е првпат Булгару да користи туѓ идентитет. Во 2011 година, тој бил фатен како зема заем со нечија лична карта, по што си добил казна од девет години затвор.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Развод по само 48 часа: Невеста го напушти сопругот откако и ја пикнал главата во свадбената торта

Посетила забава за лица над 18 години и откри што навистина се случува зад затворени врати

Вештачката интелигенција почна да „вработува“ и луѓе преку нова платформа