Утрински Весник
Спорт

Севиља го совлада Бетис во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Ла Лига

Севиља го совлада Бетис во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Ла Лига

Севиља, 12 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерите на Севиља славеа победа со 2:0 против тимот на Бетис синоќа на својот терен во натпревар од 28-то коло од шампионатот на Шпанија.

Првото полувреме мина без голови, а по паузата, најпрво од пенал Лукас Окампос го отвори резултатот, а неколку минути подоцна, Фернандо Ригес ја удвои предноста на домаќините.

Ова беше прв натпревар во Ла Лига по продолжението на сезоната, прекинат поради коронавирус. Средбата која воедно е и градско дерби се одигра без публика.

Вечер играат: Гранада – Хетафе и Валенсија – Леванте. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ