Утрински Весник
Економија

Индексите на Вол Стрит паднаа по зголемото ширење на коронавирусот

Петте водечки американски компании за еден ден изгубија 162 милијарди долари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Њујорк, 12 јуни 2020 (МИА)Индексите на њујоршката берза Вол Стрит забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Лошиот резултат го намали неодамнешниот оптимизам дека економијата би можела брзо да закрепне од најтешката криза во последните децении.

Дау Џонс падна за 1.862 поени или 6,9 проценти, додека Насдак падна за 5,3 проценти.

Индексот Стандард и Пур падна за 5,9 проценти, што е најлош резултат во еден ден од средината на март кога акциите паѓаа нагло поради воведувањето рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Како што пренесуваат странските медиуми, бројот на заразени со вирусот повторно расте во САД, како резултат на пообемни тестирања, но и послободно движење на луѓето и обновување на деловните активности.

Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во САД надмина два милиона. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Срамота е да се фалите со покачување од 1.500 денари на минималецот

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители