Утрински Весник
Македонија

Законодавството за национална безбедност гарантира долгорочен просперитет и стабилност на специјалниот административен регион Хонгконг

Законодавството за национална безбедност гарантира долгорочен просперитет и стабилност на специјалниот административен регион Хонгконг

12 јуни 2020

Законодавството за национална безбедност се суверени права на секоја држава. Ова е основен принцип и е општо прифатено од секоја суверена држава. Подобрување на законот за заштита на безбедноста во специјалниот регион Хонгконг и разработување на планот за спроведување на законот, е само нормално и легално дејство, извршено од една суверена држава на својата територија. Затоа не се дозволени двојни стандарди или било какво  мешање од надворешни сили.

Прво, заштитата на националната безбедност е суштина на политиката „една земја, два система“.

На почетокот на 80-те години од 20-тиот век, за да го реализира мирното обединување на државата, врховниот лидер на Кина Ден Шијаопинг креативно го предложи концептот „една земја, два система“, со цел врз основа на една Кина, во континенталниот дел на Кина да се воведува социјализмот, а во Хонгконг, Макао и Тајван – капитализмот, кој нема да се промени  во иднина.

Врз основа на концептот „една земја, два система“, од 19-ти декември 1984г. во Пекинг, владите на Кина и на Велика Британија потпишаа заедничка декларација за Хонгконг, потврдувајќи дека од 1-ви јули 1997г. владата на Народна Република Кина повторно ќе го практикува суверенитетот над Хонгконг. Од тој момент суверенитетот над Хонгконг се врати во татковината, „заедничката декларација меѓу Кина и Велика Британија“ ја заврши својата историска мисија. По завршувањето на колонијалното владеење, во Хонгконг се воведуват политиките „една земја, два системи“ и Хонгконг се управува од своите жители, кои целосно го одразуваат високиот степен на автономија, а како резултат на тоа правата и слободата на луѓето во Хонгконг се потполно гарантирани.

Може да се каже, дека одржувањето на националната безбедност е основа на политиката „една земја, два система“ и ќе ја гарантира засекогаш. Во основната национална политика на „една земја, два система“, „една земја“ претставува премиса на „два система“, ако условот – една земја се колеба, тогаш системот на два система ќе ја загуби основата и нема да постои. Во првата клауза на одлуката прифатена од Народното собрание на Кина пишува, дека државата ќе ги спроведе сеопфатно и несомнено политиките „една земја, два система“ , „Хонгконг се управува од жителите на Хонгконг“ и „висок степен на автономија“. Законот за заштита на националната безбедност во Хонгконг само ќе го направи концептот „една земја, два система“, уште посовршен.

Второ, централната власт има одговорност да ја одржува националната безбедност.

Заштитата на безбедноста на земјата е основниот предуслов за опстанок и развој, и е најцентрален и основен фактор на државниот суверенитет. Националната безбедност е тесно поврзана со суверенитетот и територијалниот интегритет и ѝ припаѓа на централната власт , што е општо признато од целиот свет. Владата на Кина разработува закон за обезбедување за  специјалниот регион Хонгконг што се базира врз основа на Уставот на земјата и на основниот закон на Хонгконг, бидејки тоа се својствени права на врховната власт на Кина.

Уште во „заедничката декларација помеѓу Кина и Велика Британија“ е напишано, дека прашањето за суверенитетот не се дискутира, исто така и за правата на управување над Хонгконг. Реализирањето на релевантните принципи и политики се одговорности на кинеската страна. Всушност, сето тоа е вградено во „Основниот закон на Хонгконг“. Од „Основниот закон“ или од „Заедничката декларација“, нема ниту еден збор што означува намалување или ликвидирање на правата и задолженијата на централната власт за да ја гарантира националната безбедност во специјалниот регион Хонгконг.

Мора да се каже, дека објавувањето на законот од името на државно ниво е легално, уставно и разумно. Народното собрание на Кина истакнува, дека целта на законот е насочено кон активностите, кои сериозно ја загрозуваат националната безбедност, вклучително и за отцепување и соборување на централната власт, организирање на терористичките и сепаратистичките акти, и мешање од странство над управувањето на Хонгконг. Луѓето, кои се занимаваат со овие дејности се малубројни, нема потреба да се грижите за тоа се додека тие не се вклучат во вакви активности.

Трето, законодавството за заштита на националната безбедност во Хонгконг не може да се одложува.

Специјалниот административен регион Хонгконг е неразделен дел на Народната Република Кина, и е локален административен регион со висок степен на автономија кај централната власт. Заштитата на државниот суверенитет, безбедноста и развојните интереси се уставно барање за  административниот регион Хонгконг. Тоа е и одговорност на локалната влада на Хонгконг, која е поврзана со сопствените интереси на сите жители во Хонгконг.

Постоечките закони на Хонгконг веќе го одразуваат ова. На пример, „одредбата за кривични работи во Хонгконг” од 1997 година предвидува дека при спроведување на кривична правна помош помеѓу Хонгконг и странски земји, треба да се извести Централната влада; ако централната власт одлучи, дека релевантните прашања претставуваат голема опасност за државниот суверенитет, безбедноста и општествениот поредок, тогаш има право да издаде заповед на локалната администрација да ја следи одлуката. Членот 23 од Основниот закон во Хонгконг според кој локалната администрација треба сама да разработи закон за забрана на седум видови на активности, со кои се загрозува националната безбедност. Тоа е уставна обврска наметната на локалната власт на Хонгконг,  наместо да ѝ се дава ексклузивна моќ.

Мора да се разјасни дека во текот на 23 години по враќањето на Хонгконг, специјалната администрација не ги заврши законските задачи, утврдени во член 23-ти на Основниот закон на Хонгконг, заради опструкција на луѓе, кои сакаат хаос во Хонгконг. Како резултат на тоа, Хонгконг не подлежи на ниту еден закон за заштита на националниот суверенитет, што е реткост во целиот свет. Ова е крајно ненормално и не може да се продолжи. Врз основа на тоа, Народното собрание на Кина одлучи да ја искористи својата законодавна моќ да ја надомести оваа правна дупка, што е навистина неопходно и итно. Може да се каже, дека новиот закон од народното собрание не е во спротивност со членот 23 од Основниот закон на Хонгконг. Бидејки Хонгконг сè уште треба да ги исполни своите одговорности според член 23 од Основниот закон, да го комплетира локалното законодавство што е можно поскоро, за да соработува со националното законодавство и да формира конечно ефективен заштитен систем за гаранција за државната безбедност во специјалниот административен регион.

Четврто, одржување на националната безбедност е основа за долгорочниот просперитет и стабилноста на Хонгконг.

Нема ниту една земја, која сака Хонгконг да има долгорочен просперитет и стабилност повеќе од Кина, исто така, и политиката „една земја, два системи“ да бидат стабилни и во иднина. Од хаотичните случувања во Хонгконг во јуни минатата година, некои насилници јавно се залагаа за „независност на Хонгконг“, а освен нив, надворешните сили исто се мешаа во работите на Хонгконг и ситуацијата стануваше се покризна. Главната причина за појавување на хаосот е слабата основа за заштита на националната безбедност.

Затоа, Народното собрание на Кина започна да го подобрува правниот систем на Хонгконг и механизмот за спроведување за одржувањето на националната безбедност, што има за цел подобро да ги заштити правата и слободата на сите жители во Хонгконг, во согласност со основниот закон, со заштита на високиот степен на автономија на Хонгконг, со создавање на услови за подобрување на животот и стопанството во Хонгконг. Исто така, законот ќе помогне и за нормализирање на законската и економската средина, за да се елиминираат грижите на бизнисмените поврзани со социјалното насилство и нестабилноста, да ги успокојат луѓето, кои сакаат да работат, да инвестираат и да живеат во Хонгконг.

Мора да се повтори дека заштитата на националната безбедност е основен интерес на Кина, и е праведено и неопходно за Кина, како суверена земја. Кина нема простор за компромис. Исправена пред секаков притисок, кинеската влада e решена да го заштити националниот суверенитет, безбедноста и развојот. Решеноста на Кина да ја спроведе политиката „една земја, два система“ нема да се промени, и е непоколеблива во одлуката да се спротистави на какво и да било мешање од надворешните сили во работите на Хонгконг. Кина се надева дека сите земји ќе ги разберат, почитуваат и поддржуваат напорите на кинеската влада за одржување на националната безбедност, на објективен и фер начин, и да не мешаат во внатрешните работи на Кина на било кој начин.

Колумна на амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел