Утрински Весник
Македонија

Заев: Мораме да ги почитуваме мерките, здравствените власти одговорно ја вршат својата работа

Заев: Мораме да ги почитуваме мерките, здравствените власти одговорно ја вршат својата работа

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека мора да го почитуваме мерките за заштита од коронавирусот, да ја слушаме Комисијата за заразни болести и оти тие луѓе макотрпно и професионално си ја работат својата работа.

– Тоа се пред сè лекари, експерти независно од тоа дали имале и не некоја политичка определба, тие како лекари дале завет дека одговорно ќе ја вршат својата работа. Да ги почитуваме нивните сугестии. Тука е решението, рече Заев.

Тој изрази благодарност до Комисијата за заразни болести и до сите здравствените работници за нивната беспоштедна работа во изминатиот период во битката со пандемијата Ковид-19 и нагласи дека сите заедно мора да се бориме против вирусот.

– Мора да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи заштитна маска, да се држи дистанца, да се мијат и дезинфицираат рацете почесто, да нема групно собирање. Таму каде се почитуваат мерките ситуацијата е поинаква. Мора да ги почитуваме мерките, затоа што тоа е решението, други мерки нема. Мора да се заштитиме не е само заради себе, туку и за нашите родители, за повозрасните, за хроничните болни за кои опасноста е најголема. Затоа најдобронамерно укажувам решението на проблемот е кај нас. Колку повеќе почитуваме, толку бројките ќе бидат помали, изјави Заев.

Тој нагласи дека пандемијата со коронавирусот никаде не е завршена и нема да биде сè додека не се најде вакцина.

Заев потенцира дека суштината е во почитување на мерките.

– Некои држави, нагласи тој, имаат различна стратегија во однос на тоа како се бројат заразените. Има земји кои тестираат само оние што имаат симптоми, ние ги тестираме сите. Како држава ние имаме комплетна транспарентност, целосно сме отворени кон јавноста, истакна Заев. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа