Утрински Весник
Спорт

Сезоната во Германија ќе заврши со навивачи на трибините

Сезоната во Германија ќе заврши со навивачи на трибините

Берлин, 11 јуни 2020 (МИА) – На финалето на германскиот Куп ќе може да учествуваат неколку стотици навивачи на двата тима, но не повеќе. Ова го изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Берлин.

На 4 јули, Баерн (Минхен) и Баер (Леверкузен) ќе се натпреваруваат за втората највредна награда во германскиот фудбал, кога мечот ќе се одигра на Олимпискиот стадион со 74.000 места со седиште во главниот град на земјата.

Од 30 јуни, Германија олабавува некои мерки за борба против коронавирусот и ќе овозможи собирање до 1.000 луѓе на едно место. Сепак, во овој број се вклучени штабовите на двата клуба, како и различни други претставници поврзани со организацијата на натпреварот, што ќе остави многу малку слободни места за навивачите.

– Јас сум оптимист и се надевам дека дури и малку, ќе има наши навивачи на стадионот. Сепак, оваа одлука зависи целосно од политиката, рече спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер.

Финалето за кое станува збор на 4 јули ќе биде последниот натпревар од сезоната во Германија. Првенството треба да заврши на 27 јуни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство