Утрински Весник
Македонија

Министерството за економија почна со примена на новите одредби од Законот за административни службеници

Министерството за економија почна со примена на новите одредби од Законот за административни службеници
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – По стапувањето во сила на новите одредби од Законот за администравни службеници, Министерството за економија, е првата државна институција што ги врачи новите решенија на седум вработени, односно ги систематизираше на работните места според завршеното високо образование.

Веста за МИА, ја потврдија извори од оваа Министерство, а и самиот министер за економија Крешник Бектеши на својот Фесјбук профил објави дека Министерство го признало високото образование согласно измените на Законот за административни службеници.

– Администрацијата е важен столб од Охридскиот договор и нашата грижа за него е последотвателна, напиша министерот Бектеши.

Новите одредби на Законот за административни службеници стапија во сила од 1 јуни. Освен во Министерството за економија, и во другите државни институции се очекуваа да се издадат нови решенија за работа на тие вработени кој со години работеле на пониски позици, иако имале завршено високо образование. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца