Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА)На 10.06.2020 околу 22.30 часот, на паркинг на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода В.Р.(20) и М.А.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „рено“, со тетовски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат поднесоци.

На 10.06.2020 околу 20.20 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.М.(50) и Ш.М.(57), од гостиварското село Ѓурѓевиште, поради сомнение за нивна инволвираност во насилство пријавено на 9 јуни годинава од Ш.И.(33), од истото село, а што се случило на улица „Панче Поповски“ во Гостивар. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 10.06.2020 околу 05.40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, мото-патрола од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележала товарно возило „ман“, со бугарска регистарска ознака, и приклучно возило, со македонска регистарска ознака, како се движи со голема брзина и се упатила кон него со цел да го запре и контролира. Возилото не застанало и се упатило по стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово и набргу потоа возачот го сопрел возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 142 мигранти. Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“. Увид бил извршен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка.

На 11.06.2020 околу 01.45 часот, на ул.„Караорман“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(20) и А.М.(25), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на нивното возило „фолксфаген венто“, со тетовски регистарски ознаки им била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им се изготват соодветни поднесоци.

На 10.06.2020 околу 12.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М., поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.06.2020 во 19.20 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Е.(17), за која беше пријавено дека се оддалечила од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.

На 10.06.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Венјамин Мачуковски“, поради претходно недоразбирање за паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.В.(46) и Р.К.(56), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 10.06.2020 во 13.45 часот во СВР Скопје, К.Г.(46) од Скопје пријавила дека во здравствена установа на ул.„16. Македонска бригада“ била физички нападната од С.Л.(48) од Скопје. Сочинет е записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 10.06.2020 околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар, две лица со закана со физичка сила од З.А.(32) од Кратово одзеле пари и побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.06.2020 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Февруарски поход“ едно лице со закана од вработените одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2020 околу 01.00 часот во СВР Велес, В.Г.(22) од Велес пријавил дека на крстосница од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Партение Зографски“ бил каснат од куче скитник.

На 10.06.2020 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Нечев“ 11-годишник од Велес бил каснат од куче.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(33) од с.Голема Речица, тетовско, и Ф.К.(29) од с.Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17.02.2020 во трговски центар во Тетово, пријавените физички го нападнале С.А. од с.Семениште, скопско, и му нанеле повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(71) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 10.05.2020 на место викано „Табшница“, во атар на Дреновец, пријавениот со лопата го нападнал А.С.(37) од населба Дреновец – Порој – Тетово и му нанел повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Д.(53) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.05.2020 пријавениот физички го нападнал А.Д.(72) од Тетово и му нанел повреди.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Л.Л.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 27.01. и на 28.01.2020 пријавениот, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил приватни фотографии од А.Н., без нејзино знаење. Исто така, пријавениот без дозвола влегол во профилот на сервисот „Вибер“, во сопственост на оштетената, и го инсталирал на неговиот персонален компјутер.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Б.(69) од Прилеп, поранешен раководител – директор во ЈП Национални шуми, ПШС „Црн бор“ Прилеп, Р.Л.(60) од Прилеп, самостоен референт во ПШС ,,Црн бор“ Прилеп и К.М.(55) од Прилеп – референт по превоз во ПШС „Црн бор“ Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Во периодот од 29.09.2018 до 25.10.2018, пријавените, со пречекорување на службените овластувања и со неизвршување на својата службена должност, со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности и со пропуштање на должен надзор, овозможиле извоз на 157 метри кубни огревни дрва, спротивно на одредбите од Законот за шумите и спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници.

СВР Струмица поднесе 17 кривични пријави против: М.Д.(21), С.А.(27), С.Ѓ(33), С.И.(31), М.Ф.(35), Е.Н.(28), Д.С.(21), И.Г.(38), И.В.(38), Д.С.(30), С.С.(36), С.С.(47), Ѓ.С.(43), З.Х.(41), Е.И.(18), С.М.(47), Н.М.(18), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. миа/миа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите