Утрински Весник
Спорт

Али аут за дербито со Јунајтед поради објава на социјални мрежи

Англиски репрезентативец колабира на плажа

Лондон, 11 јуни 2020 (МИА) – Жозе Мурињо нема да може да смета на еден од најдобрите играчи на Тотенхем за важното дерби со Манчестер Јунајтед, кое на програма е следниот петок.

Причината за ова е што Фудбалската асоцијација на Англија го казни халфот со еден меч и парична казна од 50.000 фунти за објава на социјалните мрежи, објавена во февруари.

Тогаш Али постави клип на „Снепчет“, во кој тој на шега поврзува човек со азиско потекло, кој е близу до него на аеродром, со закана од КОВИД-19.

Набргу потоа, англискиот репрезентативец го симна видеото, а подоцна двапати се извини. Сепак, ФА го обвини за навреда од расистички основи.

Покрај споменатата казна, Деле Али ќе мора да помине и на тренинг курс.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство