Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Полисицкиот час на некој начин е модифициран и засега нема потреба да се воведуваат дополнителни мерки од тие што се сега како активност на терен, смета министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека сепак ќе ги следат секојдневните податоци и анализираат податоци од епидемиолошките анализи.
– Сметам дека нема потреба од менување на стратегијата за справување со пандемијата со КОВИД-19, таа е добра, таа се надградуваа врз основа на карактеристиките, на бројот на луѓето, на кластерите, географската положба на местото и така натаму. Како и распределбата и контактот помеѓу кластерите. Во таа смилса има некој генерални и општи мерки, но има и некој спицифични мерки. Пример во Штип беа затворени конфекциите заради тоа што од тука потекнуваа (заболените) и беше проблематичен транспортот. За кластерите што потекнуваат од семејни настани и непочитување на мерките, и така и се пристапува, се идентификуваат тие контакт во рамките на кластерите и контактите помеѓу кластерите, за што податоци влечеме од епидемиолошките прашалници, изјави министерот Филипче.
Воедно тој додаде дека не треба да има продолжување на вонредната состојба, односно истакна дека поинтензивна контрола на носењето маски и спречување на групирањето, посебно во вечерните часови, ќе даде резултати. оџ/сп/