Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 142 мигранти, сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 142 мигранта се пронајдени вчера во товарно возило „ман“ на автопатот Гевгелија – Скопје, соопшти МВР.

Возилото, со бугарска регистарска ознака, кое се движело со голема брзина, било забележано околу 05:40 часот. Полицијата се упатила кон него за да го запре и исконтролира, но не застанало и се упатило по стариот пат од село Милетково кон село Габрово. Набргу потоа возачот сопрел, а во камионот при преглед биле пронајдени мигрантите. Тие се приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“, а направен е и увид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: Рекордна инвестиција од над 205 милиони евра за модернизација на здравството

Од удар на гром се запали Беласица на грчка територија

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС