Утрински Весник
Спорт

Сари: Нема фаворити за Скудетото во оваа ситуација

Сари: Нема фаворити за Скудетото во оваа ситуација

Торино, 11 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари во интервју за веб-страницата на клубот зборуваше за теми поврзани со обновување на фудбалската сезона во Италија.

– Во оваа ситуација, не можеме да зборуваме за фаворити за Скудетото. Сите екипи ризикуваат да загубат поени. Најважно е да се заврши сезоната и ако здравствената состојба тоа го дозволува, треба да ги разгледаме протоколите и да избегнеме карантин да дојдеме до крајот на првенството. Решението да играме пред празен стадион не е пријатно, но силата на тимот лежи во тоа да знаеме како да се апстрахираме од условите на околината. Дури и ритамот може да се промени. Недостатокот на фанови може да ги промени работите, иако бавното темпо е повеќе од впечатокот што го добивате од телевизијата заради тишината, вели Сари.

Тој верува дека ризикот од повреди е многу голем, бидејќи се намалени мускулите на сите фудбалери.

– Ние наметнуваме систем на зголемување на оптоварувањата, но тие се пониски од оние што ги имаме во текот на летото. Друг непознат фактор е следната сезона, бидејќи не можеме да донесеме големи одлуки за подготовките, прокоментира Италијанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство