Утрински Весник
Македонија

Се доградува регионалниот пат кон селото Калиманци

Се доградува регионалниот пат кон селото Калиманци
Dik 300x250 mk

Виница, 11 јуни 2020 (МИА) – Општина Виница го почна проектот за пробивање и доасфалтирање на регионалниот патен правец кон селото Калиманци, за што инвестира 19 милиони денари.

Изградбата на патот почнала пред две и пол децении, а се очекува дури летово да биде конечно завршена. Градежната механизација е ангажирана на делницата меѓу селата Црн Камен и Калиманци, со должина од околу 3,5 километри, колку што преостануваат за целосно комплетирање на сообраќајницата.

– Се работи на довршување на стариот патен правец кој некогаш бил единствена сообраќајкна врска меѓу општините Виница и Делчево. Во 1993 година почнала неговата реконструкција и асфалтирањето, но подоцна е заборавен и останал некомплетиран. Општина Виница обезбеди средства преку Јавното претпријатие за државни патишта, и денеска ја стартуваме финализацијата на недовршената должина од патот, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Регионалниот патен правец е со широчина од 3,5 метри и со неговото комплетирање ќе се обезбеди квалитетно сообраќајно решение за поврзување на Виница со соседната општина Делчево, како и за жителите од ридско-планинските населени места во двете општини. та/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво