Утрински Весник
Македонија

Сотирова-Бухова: Состојбата во ГОБ „8 Септември“ е под контрола

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) –  Состојбата во ГОБ „8 Септември“ е под контрола. Околу 20 лица – доктори, медицински сестри и технички персонал се во домашна самоизолација по основ на контакт со потврден случај, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова-Бухова.

– Работата во болницата не е компромитирана. Болницата „8 Септември“ работи со својот персонал и со помош на други здравствени институции со полн капацитет, истакна Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Епидемиолошката анкета укажува дека првите два позитивни случаи на КОВИД 19 од медицинскиот персонал во болницата се разболеле од контакт однадвор.

–  Првите два позитивни случаи според епидемиолошката анкета укажува на импортирана инфекција однадвор. Другите се изолирани врз основа на контакт со позитивно лице, рече Сотирова-Бухова.

Во однос на информацијата дека медицински лица од Армијата ќе земаат брисеви од лица кои се во карантин, Сотирова-Бухова рече дека таа нема такви информации. бак/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ грубо ја злоупотребува трагедијата во Кочани за политички поени

Арсовска: Претседателката на „Комунална“ е осудена за убиство и 3 години саботира нова опрема