Утрински Весник
Македонија

Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули

Проект за енергетска ефикасност на студентските домови со заем од Германија

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје“  соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник.

-Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови од 8 до 16 часот, објави на Фејсбук Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“. 

Домовите се напуштени од студентите од средината на март кога беше донесена и одлуката за затворање на факултетите (и училиштата и градинките).

На тие што имаа потреба тогаш да подигнат основни лични работи, тоа им беше овозможено во четири дена, од 7 до 10 април, во одредени периоди  согласно со (тогаш) ограничувањата  на движењето поради полицискиот час.

За посета на домовите студентите беа пуштани во ограничен број и со почитување на препораките за заштита. Студентските домови во овој период беа и дезинфицирани. хс/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути