Утрински Весник
Македонија

Поповски: Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин

Поповски: Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Уредбата на Владата со законска сила за субвенциубирање на придонесите од задолжѓителното социјално осигурување на вработените во медиумите ја потврдува нејзината определба дека тие се еден од столбовите на нејзните политики за поддршката на медиумите и меиумските работници во максимум без никаква селективност и израз на благодарност за посветеноста на новинарите во справувањето со  пандемијата, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

-Вие новинарите заедно со нашите херои здравствените работници, вработените во полицијата, армијата и друи професии сте на првите борбени линии во време на оваа тешка светска пандемија. Сакам да се заблагодарам на сите кои ја имате храброста, но и професиналното достоинство и дигнитет и кои одлучно и одважно заедно со сите граѓани застанаа во одбрана и справување со ова зло на современото човештвото. Вашиот начин на презентирање на информациите, професионален и етички многу значи вистината да допре до граѓаните.и верувам дека со уште поголем ангажман ќе продолжите понатаму, рече Поповски заблагодарувајќи им се и на Владата, министрите и институциите кои беа активно вклучени во формулирање на текстот на уредбата со кој се опфатени сите медиуми и едногласната поддршка.

Тој на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Бујар Османи, истакна дека критериумите за субевциите се многу јасни и прецизни, а се изработени во целосна констултација со ССНМ и новинарските здруженија. Уредбата ги опфаќа сите медиуми и се базира на начинот на кој тие се регистрирани согласно законките норми.

-Можат да добијат поддршка медиумите кои имаат дозвола за ТВ или радио емитување дадени од страна на АВМУ и се регистрарани во регистарот на ТВ или радија Печатените медиуми од општ информативен каракетр кои се регистрирани во регистериот на издавачи на печатени медиуи на АВМУ. И електронските медиуми или порталите кои имаат веродостоен импресум – уредник , редакција, контакт податоци и адреса, да имаат регистраирано правно лице во РСМ и транспарентно да ја декларираат својата сопственост, рече Поповски.

Субвенционирањето ќе биде периодот јуни јули и август, при што медиумите треба да  ги имаат платено претходно сите давачки кон државата, и да имаат најмалку три вработени, затоа што, вели, на тој начин ќе се селектираат сите кои во медиуската сфера работат професионално.

Со оваа уредба продолжува целосната поддршка на Владата за медиумите врз основа на непарична помош и поддршка, согласно барањата на новинарските здруженија, рече Поповски и спомна и други уредби за поддршка на медиумите како ослободување од трошоците на медиумите за 2020 година кон оператеторот терестријалниот мултиплекс и за дозволите што ги опфаќа националните ТВ и ТВ од друг формат. Радијата се ослободни за давачки за нивните радиофреквенции, а се подготвува уредба за ослободување на трошоците на преност на сигнал за останатите ТВ-кабелско сателитските регионални и локални ТВ, а исто така медиумите можат да ги котристат и сите пакети на Владата за стопанството како што е субвенционирање на минималната плата.

Целосна поддршка оваа Влада, рече Поповски, дава на саморегулатиорните механизми и има нулта толеранција за какви било закани уцени и притисоци врз медиумите, оние, пак, што се случија веднаш се адресирани од институциите. Владата по примерот на некои соседни земји не донесе уредба за информирање во текот на вонредна состојба туку само повика на професионалкност и етничност во работењето, транспарентно се однесува кон оваа светска криза, а надлежните министри постојано информираат за актуелните состојби за граѓаните да ја добијат воистинскта слика и да знаат како да се однесуваат и да си го заштитат здравјето. За жал, посочи, лажните вести и понатаму пенетрираат и тоа е нешто што сериозно загрижува.

-Поразувачки е податокот дека 10-тина отсто од ѓраѓаните се уште мислат дека вирусот не постои, а околу 40-тина и повеќе проценти дека е создаден во лабораторија. Ова е нешто што драматично не загружува. Тоа треба да не загрижува не само како власт и институции, а особено вас како медиумски работници. Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин, да најдеме начин и канал да стигнат до секого. Луѓето мора да ја знаат вистината Лажните вести имаат токму таква функција да ја дестабилизираат државата, системот, но во овој случај се директна закана за животите и здравјето на граѓаните. Затоа замолувам за максимална професионалност, да се фокуираме да ги информираме граѓаните, да се спасиме и да излеземе како победници од овој втор бран на корона кризата. Се додека има граѓани кои мислат дека не е опасно и не треба да се почитуваат мерките во целост, дека нив нема да ги снајде болеста имаме голем проблем и заеднички страдаме сите, рече Поповски.

Оваа болест, посочи, не познава разлики ниту по професии, ниту по верска, етничка, политичка или каква било основа и упати апел до медиумските работници за заедничко спречување на лажните вести.

-Никој не знае колку ќе трае, но од нас зависи како ќе излеземе и како ќе се справиме со кризата. Она што останува по завршување на оваа вонредна состојба и по завршување на изборите во еден широк заеднички консензус е да најдеме решение како да се справуваме со лажните вести. Ќе ги следиме препораките на ЕУ, на ЕК, на сите развиени држави во светот, но и нашата специфика за да најдеме начин како ова зло што го уништува човештвото да прекине засекогаш. Во нашиот кривичен законик се уште нема кривични дело ширење лажни вести, а во многу држави го има. Ќе мора да најдеме начин како оиние што немаат намера да известуваат туку да ни го искомплицираат животот да ги спречиме во тоа, порача Поповски. вг/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност