Утрински Весник
Македонија

Два нови случаja на Ковид 19 во Гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Два нови случаja на Ковид 19 во Гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Гостивар, 11 јуни 2020 (МИА) –  Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион има два нови случаja. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, на тестирањата позитивни на Ковид19 се едно лице од Гостивар и едно од Врапчиште.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 32. Во општина Гостивар активни се 15, во Врапчиште 13, во општина Маврово и Ростуше четири. Седум од заболените се лекуваат во болница, а 25 во домашни услови.

Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 501 тестирање, а кај 54 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 27 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица во овој регион.згм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош