Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ официјално не кажува датум за избори

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ засега останува на своите ставови во врска со предвремените парламентарни избори, за што изборните дејствија прекинаа поради ширењето на коронавирусот. По синоќешната владина Уредба за продолжување на изборните дејствија за изборите, од ВМРО-ДПМНЕ за МИА нагласуваат дека за нив е најважно здравјето на граѓаните, особено во ситуација кога имаме секојдневно зголемување на бројките на заболени од Ковид-19.

Од таму не кажуваат датум што тие сега во вакви околности би го прифатиле или предложиле за одржување на изборите, иако одредени медиуми пишуваат за средината на јули. Власта инсистира за избори на 5 јули, што за ВМРО – ДПМНЕ беше и останува неприфатливо.

Освен заштитата на здравјето на граѓаните, како што потенцираат од партијата, тие преферираат на евентуалните избори да се ганарнтира присуство на меѓународната мониторинг мисија на ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни претставници.

Владината уредба за продолжување на изборните дејствија беше донесена синоќа. За неа не гласаше министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Различни ставови во врска со продолжувањето на изборните дејствија и начинот како тоа се прави имаат и во Државната изборна комисија, чиј претседател Оливер Дерскоски доаѓа од редовите на опозициската партија. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

МВР поднесе кривична против Крешник Бектеши за вршење притисок врз полициски началник за време на изборите