Утрински Весник
Македонија

Струмичкото обвинителство обвини 41 лице за непочитување на полицискиот час

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени во изминатото деноноќие

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, за секој од обвинетите е предложено судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

-Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, соопшти Јавното обвинителство.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал