Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 02.45 часот на ул.„Благоја Стефковски“ ги лишиле од слобода Е.Б.(32) и Д.Ф.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што денеска информираа од МВР, синоќа во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Орце Николов“ го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.06.2020 во 10.00 часот било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Скопје, А.Г.(65) од Скопје го нарушила јавниот ред и мир на тој начин што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 10.06.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кривогаштани-с.Житоша во Прилеп, Ѓ.Н.(70) од Скопје, управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, тој здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 10.06.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 306“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(67) од Битола и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(25) од Битола. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 10.06.2020 во 13.30 часот било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Илинденска“ и бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторновозило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(50) с.Нераште, тетовско, удрило во пешакот А.К.(25) од с.Палатица. Во незгодата, А.К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 10.06.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и велосипед управуван од 13 – годишник од село Голема Речица. По незгодата, возачот со возилото го напуштил местото на настанот, а велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2020 во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди. Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.

На 10.06.2020 во 05,00 часот, Р.К.(39) во Полициското одделение Шуто Оризари, пријавила дека нејзината ќерка И.К.(14), која беше пријавена дека се оддалечила од нејзиниот дом, се вратила.

На 10.06.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Х.И.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник.

На 10.06.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Д.(60) од Скопје пријавил дека во Градскиот Парк бил каснат од куче скитник.

Во текот на 10.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирано е едно возило бидејќи било нерегистрирано, еден возач затоа што управувал возило без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи поминал на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, а 36 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње