Утрински Весник
Спорт

Ботас: Од Мерцедес ми кажаа дека не преговараат со Фетел

Мерцедес планира да го замени Ботас со Расел во 2021 година

Лондон, 11 јуни 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас изјави дека неговиот тим не е во преговори со четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, кој ќе го напушти Ферари по 2020 година.

– Истата работа се случува секоја година. Смешно е што ниту една трка не помина оваа сезона, но некој веќе е врзан за моето место. Не чувствувам притисок заради оваа вест. Имам јасни цели за оваа сезона, а потоа ќе видиме како оди сè. Ми беше кажано дека она што се случи со Фетел нема да ме загрижува. Добив прилично концизно објаснување дека Мерцедес не преговара со Фетел, изјави Ботас за „Скај Спорт“.

Ботас е во тимот на Мерцедес втор возач, прв е актуелниот светски шампион Луис Хамилтон. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука