Утрински Весник
Спорт

Левандовски постави рекорд и го однесе Баерн во финалето на купот

Баерн не импресионираше, но се пласираше во следната фаза без проблеми

Минхен, 11 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го постигна победничкиот гол во полуфиналето на Купот на Германија со Ајнтрахт (2:1).

За 31-годишниот Полјак ова беше рекорден 45. гол за баварскиот тим на 39 натпревари од сезоната.

Претходно, во сезоната 2016/17, Левандовски постигна 43 гола на 47 натпревари.

Во финалето на германскиот фудбалски куп, Баерн ќе игра со Баер Леверкузен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0