Утрински Весник
Спорт

Чантурија нов играч на РК Прилеп

Чантурија нов играч на РК Прилеп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 10 јуни 2020 (МИА) – РК Прилеп добива големо засилување во името на Реваз Чантурија, кој после една сезона помината во Металург се сели во Прилеп.

Грузиецот со македонски пасош за својата селекција беше активен рептезентативец цели 18 години. Својата кариера ја започна во Грузија во екипата на ГТУ Шевардени. По неколку сезони поминати во Грузија доаѓа во Македонија во екипата на Металург. После трансферот во Металург Реваз до ден денес остана верен на Македонија и својата интернационална кариера продолжи да ја гради во нашата земја.

Неговите следни клубови во Македонија се Вардар ПРО, Пелистер, Макс Струмица, па повторно во дресот на Пелистер, Струга и својата последна сезона ја одигра во екипата на Металург.

Реваз е играч со искуство во Лигата на Шампионите и освојувач на Супер Лигата со Металург.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028