Утрински Весник
Македонија

Со поддршка на Планот за чист воздух, во Градско подобрена енергетската ефикасност во три јавни објекти

Со поддршка на Планот за чист воздух, во Градско подобрена енергетската ефикасност во три јавни објекти

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) –  Со поддршка на Планот за чист воздух, во Општина Градско подобрена е енергетската ефикасност во три јавни објекти.

Од МЖСПП информираат дека станува збора за административната зграда на Општина Градско, Старото училиште на ООУ „Даме Груев” (каде што се одвива наставата за првачињата) и Амбулантата во село Виничани.

Објектите каде е завршена замената денеска беа посетени од заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Градско, Роберт Башовски.

– Денеска, во светот, не постои план за закрепнување од пандемијата на Ковид 19, којшто како приоритет не ги вклучува енергетската ефикасност и промената на нееколошкиот начин на затоплување на јавните објекти, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Заложбата за подобрување на енергетска ефикасност во јавните објекти, посочуваат од МЖСПП, ја покажуваме во Општина Градско, каде целосно е завршена замената на надворешната столарија на три такви објекти.

– Сите анализи покажуваат дека со спроведувањето на ваквите мерки штедиме енергија, ги намалуваме трошоците за 30-35% и придонесуваме за чиста и здрава животната средина. Вложуваме во зелени, чисти инфраструктурни проекти, насочени кон заштита и подобрување на животната средина, наведуваат од МЖСПП.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње