Утрински Весник
Македонија

Спасовски во видео разговор со Трудо: КОВИД-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори

Спасовски во видео разговор со Трудо: КОВИД-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска преку видео конференциска врска имал разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо при што двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во разговорот се заблагодарил за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со КОВИД-19, но и за помошта што и ја даде на нашата држава за надминување со последиците од коронавирусот.
Спасовски ја истакнал одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада, и потенцирал дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни.
Премиерот на Канада, Трудо изразил задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка. Истакнал дека се гордее за поддршката што Канада ја изразува за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.
-Во разговорот Трудо истакна дека Канада продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на владината прес-служба.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април