Утрински Весник
Македонија

Во Велес еден новозаболен од Ковид-19 и четворица оздравени

Во Велес еден новозаболен од Ковид-19 и четворица оздравени

Велес, 10 јуни 2020 (МИА) – Според Центарот за јавно здравје во Велес во изминатото деноноќие има еден новорегистриран со Ковид-19, а четворица пациенти се излекувани. Моментално во градот активни се 27 лица.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска-Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, на лекување во Инфективното одделение при велешата болница денеска 11 пациенти се со позитивен тест на Ковид-19.

– Од ова одделение денеска се испуштени дома четири излекувани пациенти, информира д-р Неделковска-Николова. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал