Утрински Весник
Македонија

Спомен куќата на Кочо Рацин и музеите во Велес и околината веќе три месеци затворени поради пандемијата

Спомен куќата на Кочо Рацин и музеите во Велес и околината веќе три месеци затворени поради пандемијата

Велес,  10 јуни 2020 (МИА) – Спомен куќата на Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес, како и останатите спомен куќи на Васил Главинов, на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Куќата на Касапови попозната како „Куќата што лебди на карпа“ заедно со Народниот музеј во Велес и музеите од НОВ во селото Горно Врановци и Спомен костурницата од НОВ во Велес, лани имале вкупно 3500 домашни и странски посетители, како и ученици во рамки на ученички екскурзии.

Поради пандемијата со Ковид-19 сите овие спомен куќи скоро три месеци се затворени, а со тоа најмногу финансиски трпи ЛУ Народен музеј од Велес, кој раководи и се грижи за нив.

В.д директорот Марин Клифов за МИА истакна поради пандемијата со Ковид-19 и затворањето на училиштата ги нема и ученичките екскурзии но и бројните манифестации како „Рацинови средби“ кои се одржуваа во овој пролетен  период од годината.
– Најмногу од вкупно 3.500 посетители на сите музеи и спомен куќи, над две илјади посетители биле  во Спомен куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, но таа веќе три месеци е затворена токму во екот на сезоната април, мај и јуни, потенцира Клифов.
Тој изрази надеж дека што поскоро да заврши сето ова и повторно да ги отворат вратите на спомен кушите за посетителите.

Во Спомен куќата на Рацин најинтересно посебно за учениците е грнчарското колце, како и збирката на предмети и документи од него.

Спомен куќата на Рацин е најпосетена за време на „Рациновите средби“ и „Детските Рацинови средби“ и други културни манифестации и поетски читања и перформанси кои годинава поради вонредната состојба изостанаа, како и бројни странски делагации и гости во посета на Општина Велес.

Инаку, споредено со претходната 2018 кога имало вкупно 3200 посетители на сите спомен куќи и музеи во Велес и околината, лани имало за околу 300 повеќе или вкупно биле 3500 домашни и странски посетители.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим