Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба

Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба
Dik 300x250 mk

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира без Парламент и треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.

– Ниту една демократска држава не може да си дозволи олку долго да функционира без Собрание. Значи, прашањето на датум не е прашање на нечии желби. Прашањето на датум е прашање дали сакаме државата да ни функционира во целосен капацитет, изјави Шекеринска, која денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на возухопловниот ВИНГ во касарната во Петровец. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието

Лишен од слобода скопјанец кој пукаше синоќа со пиштол во Чаир