Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп 9.600 основци и средношколци ја завршија учебната година

Во Прилеп 9.600 основци и средношколци ја завршија учебната година

Прилеп, 10 јуни 2020 (МИА) – Речиси 9.600 основци и средношколци во Прилеп ја завршија учебната година. За првпат нестандардно, затоа што поради пандемијата со коронавирусот, крајот на учебната година не го означи училишното ѕвонче.

Според професорот по хемија во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и родител на шестоодделенец, Ружа Ангелеска, сите се трудеа, и наставници и ученици, да дадат сѐ од себе да заврши учебната година, главен проблем беа интернет конекцијата, платформите и застарените компјутери.

-Најголем проблем беше што немаше стандардна конекција, застарени компјутери со што имавме застој. Се случуваше преку „гугл драјв“ што работи целиот ден и има пребукираност и не ретко можност да комуницираме истовремено, па затоа интернет конецијата беше слаба за ваков тип на настава. Ни треба универзална платформа. Значи, децата се трудеа, ама не можеа во ситуации да направат тест или домашната поради падот на интернетот или имале лични потреби, или мораше да ги преинсталираат комјутерите, а тие што можат, купуваа нови. Тоа се материјални трошоци, наспроти кризата. Значи, доколку и наесен ќе треба, а дај боже да не е така, треба унифицирана платформа, подобар интернет, да се подготват и професорите, објаснува Ангелеска.

Сашо Јандрески, претседател на Ученичкиот парламент при прилепската гимназија, смета дека сите заедно, ученици и професори, заеднички учеа како да се снајдат со „он-лајн“ наставата. Но најпосакувано е одесен да се вратат во училишните клупи.

-Почетокот на он-лајн наставата беше доста несигурна. Тоа не беше нечија вина, туку сите, едноставно, бевме втурнати во нешто ново и непознато. прво стравуваме дека годината нема да ни биде призната. И професорите и учениците се трудеа максимално. Се користеа сите можни платформи да се постигне саканиот ефект. Поради сите технички проблеми, дел тестови се откажуваа. Заедно ги осознававме распоредите. Сметам дека недостасуваше детален распоред на часовите, предавањата, а не изненадно тестирање. Со текот на времето сите осознавме како треба да се работи, но брзо дојде крјаот на учебната година. одреден проблем беше поправањето оцени. Но, секако, посакуваме да не се повтори, зашто оваа ситуација ни одзема од знаењето, и не може да се спореди со знаењето стекнато во училишните клупи, вели Јандрески.

Диме Настески, директор на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ вели дека искуството ги научи да бидат подготвени доколку наесен има „он-лајн“ настава.

-Се обидовме онолку колку што даваа можностите, како и индивидуалните и на професорите и на учениците за да го реализираме наставното градиво и да успееме. Инаку, над 70 насто од програмата беше реализирана пред вонредните ситуации со корона вирусот. предметните наставници, колку-толку имаа увид во способностите и знањењата на учениците. Да се надеваме дека учебната година ќе заврши на задоволство и на учениците и на професорите. Овие три месеца одевме на индивидуално решение на „он-лајн“ наставата, професор-ученик. Според можностите, се користеа сите созијални мрежи, Месинџер, Вибер и платформи. Доколку се случи во септември да имаме интернет настава, имаме сопствена платформа, професорите и учениците ги имаат добиено „акаунтите“. Иако не посакуваме, но сме подготвени за посериозна „он-лајн“ настава, изјави Настески.

Свидетелствата се очекуваат до крајот на неделава, потоа и дипломите за матурантите кои вообичаени им се даваат во почетокот на август.ем/бт/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје