Утрински Весник
Спорт

Муратоглу: Мотивацијата на Серена за победа не е променета

Серена Вилијамс елиминирана од Австралија опен

Лос Анџелес, 10 јуни 2020 (МИА) – Мотивацијата на Серена Вилијамс да додаде уште некој кон своите 23 Гренд-слем трофеи, не е променета, а паузата поради пандемијата од коронавирус ќе и помогне да го стори тоа, рече долгогодишниот тренер на американската тенисерка Патрик Муратоглу.

Вилијамс, која ќе наполни 39 години во септември, стигна до четири финалиња на Гренд-слем турнири, откако ја роди нејзината ќерка Олимпија во 2017 година, но не успеа да освои ниту едно од нив и останува на една од 24-те титули на рекордерката Маргарет Корт (Австралија).

Тениската сезона беше прекината во март поради пандемијата од коронавирус, а турнирите нема да се играат најрано до крајот на јули. Францускиот тренер Муратоглу верува дека за време на карантинот, Вилијамс добила можност да се „наполни“, а нејзиниот апетит за нови трофеи дури се зголемил.

– Прво, беше добро за Серена затоа што таа имаше време да се одмори, а на нејзиното тело и требаше токму тоа. Второ, нејзината мотивација не е променета. Таа сè уште има за цел повеќе Гренд-слем титули, рече Муратоглу.

Французинот, кој соработува со Американката од 2012 година, смета дека долгата присилна пауза ќе влијае на барем поискусните играчи и големите шампиони како Вилијамс, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига