Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Во првите часови на 10 мај, односно во 01:00 часот утринава на влез во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и три од Сирија). Истиот ден, во 08.00 часот кај Кванташки пазар во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица откриле тројца мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.
На 09.06.2020 во 19.10 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при контрола, било констатирано дека М.П.(48) од Кочани и О.Н.(27) од с.Василево, кои допатувале со товарни возила, на увид доставиле фалсификувани дозволи, издадени на професионални возачи на товарни возила кои патуваат во средно и високоризични земји на COVID-19. На лицата не им бил дозволен влез во државата, а дозволите им биле одземени. Се работи на расчистување на случајот.
На 09.06.2020 околу 12.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар Б.М.(51) и Ш.М.(57), двајцата од с.Ѓурѓевиште, физички го нападнале Ш.И.(33) одс.Ѓурѓевиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.06.2020 во 22.40, во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Т.(46) од Тетово и И.М.(38) од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во објектот биле пронајдени остатоци од кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 10.06.2020 околу 01.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од патничко возило „фолксфаген поло“, со тетовски регистарски ознаки, кое поминувало низ тетовско Слатино, биле фрлани пиротехнички средства, со што бил нарушен јавниот ред и мир. Поради сомнение за нивна инволвираност во наршувањето, нешто подоцна биле приведени Б.Т.(25), кој го управувал возилото и Ф.Х.(21),С.Г.(27) и Д.К.(27), сите од тетовско Теарце, кои биле во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувале кон полициските службеници. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе следуваат поднесоци.
На 09.06.2020 во 21.45 часот во СВР Скопје, И.Е.(30) од Скопје пријавил дека во 20.45 часот на паркинг во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.06.2020 околу 17.45 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека К.Б.(64) од с.Сарај, додека работел на покривот од неговата куќа, паднал од него во дворот на негов сосед. По незгодата, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20.40 часот починал. Се работи на расчистување на случајот.
На 09.06.2020 во 14.10 часот во Полициската станица Бит пазар, Ј.Т.(55) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник.
На 09.06.2020 околу 20.20 часот на ул.„107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.И. од тетовско Долно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдена ризла, додека пред лишувањето успеал да проголта ќесичка со марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува поднесок.
На 09.06.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.К.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.
На 10.06.2020 во 00.50 часот во СВР Скопје, М.Ј.(32) од Скопје пријавил дека во неговиот дом на ул.„Лондонска“ Џ.И.(19) од с. Јурумлери, скопско, и уште две лица физички го нападнале и со закана со пиштол и нож му одзеле пари. Џ.И. била пронајдена и лишена од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите две лица и за расчистување на случајот.
На 09.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Велес, А.С.Н. и Ј.А., двајцата од Авганистан, пријавиле дека две лица физички ги нападнале и им одзеле пари. Според пријавеното, додека тие се движеле по автопатот кон Р.Србија, во близина на с.Каласлари, велешко, едно од лицата им понудило да ги одвезе до граница за сума од 200 евра и тие прифатиле. Според пријавата, кога влегле во неговото возило дошло и другото лице и по кратко возење застанале и физички ги нападнале, им се заканиле со пиштол и им ги одзеле парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.06.2020 во 22.10 часот во СВР Скопје, Д.С.(53) од Скопје пријавила дека во двор на училиште на ул.„Горно Лисиче“ била касната од куче скитник.
На 10.06.2020 во 04.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.К.(39) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка И.К.(14) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 09.06.2020 во 13.45 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение било пријавено дека од установата на ул.„Козле“ во Скопје се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Л. (33) од с.Манастирец, општина Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ при семејно насилство. На 08.06.2020 во семејниот двор, пријавениот по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон неговата баба С.М.(81), при што ѝ нанел повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(44) од Тетово, А.Б.(50) од с.Челопек, тетовско, Р.Ќ.(35), Ѓ.Ќ.(29) и Б.А.(28), тројцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 26.02.2020 на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, по кратка вербална расправија, настаналa физичка пресметка помеѓу помеѓу прво и второпријавениот, од една страна и трето, четврто и петтопријавениот, од друга страна.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.М.(47) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.12.2019 на ул.„Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини и повеќе капсули.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 20.05.2020, нејзиниот сопруг отишол во Германија, а пријавената ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на децата, при што четири од своите малолетни деца ги оставила кај свекрвата, а најмалото деветмесечно бебе го оставила на патот на ул.„Поп Арсов Блаже“.
Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против А.А.(50) од с.Горенци, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ и против Л.Л.(20) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено преминување на државната граница“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 04.06.2020 во 14.45 часот, царински службеници, при контрола на товарно возило „МАН“, управувано од А.А., ја пронашле Л.Л. скриена во кабината на товарното возило. Од страна на ОЈО Струга на албанската државјанка Л.Л. ѝ била одредена мерка притвор од осум дена.
СВР Битола и СВР Тетово поднесоа 10 кривични пријави против: А.Н.(27) од Битола, И.П.(34), Д.С.(26), М.Д.(47), Б.А.(23), Д.М.(22), Џ.А.(21), сите шест од Прилеп, Н.К.(26) од Велес, М.М.(33) од Ресен, Р.И.(36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. оџ/