Утрински Весник
Економија

Визарата нова кредитна картичка на Охридска банка

Визарата нова кредитна картичка на Охридска банка

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Охридска банка АД Скопје воведува нова кредитна картичка од брендот Виза наречена Визарата, со која почнува и нова наградна игра наменета за сите клиенти кои ќе аплицираат за картичката.

Како што соопштуваат од Банката, од денска до 30 септември 2020 година додека трае наградната игра,
основниот услов за учество во неа е клиентите да направат минимум 10 трансакции со Виза кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум една трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата дава можност за тројна шанса за освојување награда, а еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда.

Клиентите кои ќе ги исполнат условите стануваат потенцијален добитник за хибридно возило Suzuki Swift, или пак на еден од десетте тротинети од брендот Mi.

Визарата на клиентите им овозможува плаќање на рати без камата во земјата, во странство и преку Интернет. Сите трансакции над 2.000 денари направени во трговија се делат на однапред дефиниран број рати кој зависи од износот на трансакцијата. Клиентите за овие трансакции не плаќаат камата, туку единствениот трошок е еднократна провизија која исто така се дели на бројот на рати на кој е поделена и трансакцијата.скс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од полноќ нови поскапи цени на горивата

Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Презентација на транзиционата анализа за 2024-2025 година на ЕБОР