Утрински Весник
Македонија

На Инфективното одделение во Штип почина 86-годишен маж од коронавирус

На Инфективното одделение во Штип почина 86-годишен маж од коронавирус

Штип, 10 јуни 2020 (МИА) – Битката со коронавирусот ја загуби 86-годишен маж, кој беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Тој е прв пациент кој почина на ова одделение. Претходно двајца пациенти од Штип починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се наведува дека 86-годишниот маж починал утрово во 7.30 часот. Бил болен од коронавирусна инфекција и двострано воспаление на белите дробови.

-На одделението за Инфективни болести беше примен на 26 мај, со оглед на возраста имаше и коморбидитети. И покрај преземените тераписки мерки, според протокол за лекување на тие пациенти, следеше влошување на здравствената состојба, која заврши со лош исход, стои во соопштението од Клиничка болница-Штип.

На ова одделение денеска се лекуваат вкупно 21 пациент,  од кои четвторица се со повремена кислородна поддршка. вдј/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вицепремиерот Фетаи одбива да одговара на македонски јазик

Синoт на Горан Стефановски со јавни предлози: Време е за мали, но клучни промени во Македонија

Демонстрантите во Непал го запалија Парламентот